Чоколадна торта со Амарети
На дното на округли калап за торта ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова и оставете го на страна.
Во мултипрактик сосема ситно сомелете ги Амарети кексите и бадемите.
Во еден средно голем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Непрестано матејки додајте ги едно по едно јајцата и кога ќе добиете хомогена смеса додајте го растопеното чоколадо, кратко изматете, па вмешајте ги бадемите и кексите. Ќе добиете смеса која изгледа како чоколаден фил за торта.
Истурете во подготвениот калап, измазнете ја површината и ставете да се печи 25 - 30 мин. Површината малку ќе се надуе, ќе го изгуби сјајот, а може да се појават и пукнатини. Готово е кога ќе го забодите врвот на ножот во средината и на него ќе останат неколку влажни ронки. Внимавајте да не ја препечете тортата.
Извадете на жица и оладете ја тортата петнаесетина минути во калапот. Поминете одоколу со нож, па превртете ја на чинијата за послужување и оставете да се олади до крај.
За глазурата, во еден мал сад искршете го чоколадото. На тивок оган донесете ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото. Нека отстои минута - две и измешајте во мазна, сјајна смеса. Прелејте преку тортата, одозгора и од страните, па оставете во фрижидер да се стисни глазурата.
Слатката павлака изматете ја цврсто со ванилиниот шеќер и украсете ја тортата. Наредете одозгора неколку цели Амарети.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но пред послужување донесете ја на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани
И без пресек можам да замислам каква е :)
Во колкаво плехче е печена кората-веројатно 20 см. ?
A sigurna bev deka napisav precnik na kalapot... 20 cm e tocnata mera. Se na devam MR ke koregiraat :)
P.S. a ako kazes deka i Amaretite gi imas praveno sama,moram da ti priznaam deka sum sreknba sto sum sednata,inaku ke se strupolev vo nesvest.:D
Вечер одам на светење на стан кај едни пријатели,би било добро да ме послужат пак со твоја торта,ама толкава случајност...:)
Еднаш јадев Амарето колачи домашни донесени од Грција,верувај вкусот уште ми стоиво уста,од пред 7 години
Ljubica, ne ke da se istite :)))))) A mozi tvojata prijatelka da pravi vo posleden moment, ovaa torta navistina brzo e gotova :)
Со оглед на тоа што гледам да приготвам нешто благо,но во помали количини(бидејќи ние по дома немаме мерка и штопна),овие твоиве мерки се повеќе ми се допаѓаат :)
Tortata prekrasna kako i sekogas a ova za kalapite malku da se nasalime ma da ima i vistina -vo moite rec dozite golemi a kaj tebe se izgleda taka fino sto bi rekle so oci da jades ama da pobrzas oti duri da trepnes ke go snema .Kaj nas ova za proba p[ominuva:):):)
Jas i namerno mali gi pravam, za da mozam pocesto razlicni da pravam :))) A kalapi imam od 8 cm, do 38 cm, ako ne se smeta tepsijata za baklava, oti taa vo sporetot ne mi ja beri :)))