На дното на округли калап за торта ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова и оставете го на страна.
Во мултипрактик сосема ситно сомелете ги Амарети кексите и бадемите.
Во еден средно голем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Непрестано матејки додајте ги едно по едно јајцата и кога ќе добиете хомогена смеса додајте го растопеното чоколадо, кратко изматете, па вмешајте ги бадемите и кексите. Ќе добиете смеса која изгледа како чоколаден фил за торта.
Истурете во подготвениот калап, измазнете ја површината и ставете да се печи 25 - 30 мин. Површината малку ќе се надуе, ќе го изгуби сјајот, а може да се појават и пукнатини. Готово е кога ќе го забодите врвот на ножот во средината и на него ќе останат неколку влажни ронки. Внимавајте да не ја препечете тортата.
Извадете на жица и оладете ја тортата петнаесетина минути во калапот. Поминете одоколу со нож, па превртете ја на чинијата за послужување и оставете да се олади до крај.

За глазурата, во еден мал сад искршете го чоколадото. На тивок оган донесете ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото. Нека отстои минута - две и измешајте во мазна, сјајна смеса. Прелејте преку тортата, одозгора и од страните, па оставете во фрижидер да се стисни глазурата.
Слатката павлака изматете ја цврсто со ванилиниот шеќер и украсете ја тортата. Наредете одозгора неколку цели Амарети.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но пред послужување донесете ја на собна температура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани