Чоколадна торта со Амарети
Состојки
- За торта
- 80 гр Амарети кекси
- 100 гр излупени бадеми
- 113 гр путер на собна температура
- 100 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 3 големи ( 63гр - 73гр ) јајца
- 113 гр чоколадо за готвење со околу 54 % какао делови
- За глазура
- 100 гр чоколадо за готвење со околу 54 % какао делови
- 100 гр слатка павлака со 20% м.м.
- За украсување
- 100 гр слатка павлака со 35 % м.м.
- 1/2 кесичка ванилин шеќер
- неколку Амарети
Подготовка
На дното на округли калап за торта ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова и оставете го на страна.
Во мултипрактик сосема ситно сомелете ги Амарети кексите и бадемите.
Во еден средно голем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Непрестано матејки додајте ги едно по едно јајцата и кога ќе добиете хомогена смеса додајте го растопеното чоколадо, кратко изматете, па вмешајте ги бадемите и кексите. Ќе добиете смеса која изгледа како чоколаден фил за торта.
Истурете во подготвениот калап, измазнете ја површината и ставете да се печи 25 - 30 мин. Површината малку ќе се надуе, ќе го изгуби сјајот, а може да се појават и пукнатини. Готово е кога ќе го забодите врвот на ножот во средината и на него ќе останат неколку влажни ронки. Внимавајте да не ја препечете тортата.
Извадете на жица и оладете ја тортата петнаесетина минути во калапот. Поминете одоколу со нож, па превртете ја на чинијата за послужување и оставете да се олади до крај.
За глазурата, во еден мал сад искршете го чоколадото. На тивок оган донесете ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото. Нека отстои минута - две и измешајте во мазна, сјајна смеса. Прелејте преку тортата, одозгора и од страните, па оставете во фрижидер да се стисни глазурата.
Слатката павлака изматете ја цврсто со ванилиниот шеќер и украсете ја тортата. Наредете одозгора неколку цели Амарети.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но пред послужување донесете ја на собна температура.