Снежна торта орасница
Во коментарите на претходните рецепти ветив дека СТОТИОТ РЕЦЕПТ ќе го чувам за роденденската торта на ќерка ми, па еве да си го исполнам ветувањето. А воедно ова е мојата омилена торта...за мене дефинитивно е БРОЈ 1
За корите
1. Белките се матат пенасто со миксер со шеќерот и ванилата и при крај се додава сокот од лимон. Се пече во плех од рерната врз хартија за печење прво на 200 С околу 10 мин, а потоа се намалува температурата на 150С и се пече уште околу 45 мин.
2. Се печат три вакви кори
За фил
1. Мелените ореви се попаруваат со врелото млеко и се остава да постојат да го впијат млекото оревите
2. Жолчките и шеќерот се матат со миксер и се варат на пареа. Откако ќе згусне филот, се трга од оган, се додава чоколадото да се растопи во врелата смеса и откако ќе се соедини се додаваат оревите и се меша да се соедини смесата.
3. Откако ќе излади се додава претходно матениот путер
Се филуваат безе-корите, а најозгора се премачкува тортата со шлаг пена или матена слатка павлака.
Лиценца: Сите права се задржани
Си знам јас (мој ме „инсект“ не лаже :):):):))имаш ти уште рецепти кои треба да ги споделиш со сите нас:)
Cestitki i od mene za 100-ta!!!
Da ti se mnozat ubavite recepti! :-)
sreken rodenden
a tortata e prekrasna
честитки и за роденденот, и за твојот голем јубилеј од 100 рецепти!
Сите тие се направени со ентузијазам и радост во готвењето, па резултатот е таков што секој би посакал да ги зготви.
Како што и самата кажа погоре, би сакале да ти подариме време за редовно да ни ги праќаш твоите рецепти :)
Но, бидејќи тоа не можеме, како благодарност ти подаруваме Делимано Фантазија Сет од 5 калапи!
Тимот на МоиРецепти