Испечати

Снежна торта орасница

Снежна торта орасница

Состојки

  • За безе-кора (х 3)
  • 10 белки
  • 500 гр шеќер
  • 1 ванила
  • сок од пола лимон
  • За фил од ореви
  • 30 жолчки
  • 900 гр шеќер во прав
  • 900 гр мелени ореви
  • 900 мл млеко
  • 200 гр чоколадо
  • 600-700 гр путер
  • За декорација
  • 700 мл слатка павлака
  • 2 ванили

Подготовка

Во коментарите на претходните рецепти ветив дека СТОТИОТ РЕЦЕПТ ќе го чувам за роденденската торта на ќерка ми, па еве да си го исполнам ветувањето. А воедно ова е мојата омилена торта...за мене дефинитивно е БРОЈ 1

За корите
1. Белките се матат пенасто со миксер со шеќерот и ванилата и при крај се додава сокот од лимон. Се пече во плех од рерната врз хартија за печење прво на 200 С околу 10 мин, а потоа се намалува температурата на 150С и се пече уште околу 45 мин.
2. Се печат три вакви кори

За фил
1. Мелените ореви се попаруваат со врелото млеко и се остава да постојат да го впијат млекото оревите
2. Жолчките и шеќерот се матат со миксер и се варат на пареа. Откако ќе згусне филот, се трга од оган, се додава чоколадото да се растопи во врелата смеса и откако ќе се соедини се додаваат оревите и се меша да се соедини смесата.
3. Откако ќе излади се додава претходно матениот путер

Се филуваат безе-корите, а најозгора се премачкува тортата со шлаг пена или матена слатка павлака.