Снежна пана кота торта (Frozen panna cota cake)
Едноставна и брза подготовка. Само знаете дека кога правиме пана кота потребно ни е време за да се стегне кремот, значи имаме чекање, а потоа се разбира уживање.
Подготовка
За оваа панакота торта ни се потребни правоаголните кори на винчини, од кои ќе искористиме само една кора.
1. Во квадратен калап со обрач ставаме кора која претходно сме ја исекле по димензиите на калапот.
2. Винчини ролатот го сечеме на кришки со дебелина од околу1 см. Ги редиме по рабовите на калапот.
3. Желатинот го ставаме во околу 50 мл вода да се растопи.
4. Во 700 мл слатка павлака го ставаме млекото и шеќерот и ги загреваме до вриење.
5. Откако ќе почнат да вријат го тргаме тенџерето од рингла и ги ставаме чоколадото и желатинот да се растопат, со постојано мешање.
6. Ги додаваме екстрактот и бојата па повторно промешуваме. Оставаме да се лади.
7. Кога ќе почне да се стегнува пана кота кремот, го истураме врз кората. Ја ставаме во ладилник убаво да се стегне , јас обично ја правам навечер и ја оставам преку ноќ.
8. Утредентата го матиме остатокот од слатката павлака , ја премачкуваме и ја наросуваме со син шеќер кристал и сини топчиња.
Забелешка
Ментол екстрактот дали воопшто ќе го ставите, неколку капки или цел екстракт, оставам на ваш избор и вкус. Панакота кремот е течен, па треба да го причекате да се излади за да полека почне да се стегнува. Јас направив грешка, почнав да го ставам врз кората изладен ама сепак сеуште течен, па како калапот не ми диктуваше убаво почна да истекува од страните, а и ролатите ми се обоија во сино(иако не е тоа толку страшно, колку што е моментот на истекување). Кога видов веднаш ја вратив во тенџере и ја почекав да почне да се стега па потоа ја ставив врз кората. Ова е моето искуство...ако имате цврст калап кој не пропушта течност, ставајте ја и течна, боењето на ролатитет е баш интересно....Кога ја обмислив тортата идеата беше да биде коцка мраз, ама бидејќи калапот кој го имам е баш голем, некако не ми успеа замислата со оваа доза на продукти за пана корта кремот....Како и да е тортата е вкусна и штосна.