Одамна, кога прв пат го пробав десертов во ресторан, бев воодушевена од вкусот и се прашував како ли се прави оваа вкусотија.
Има различни варијанти на подготовка, ама овој некако ми е при срце, а и на домашните „сладокусци“ ептен им е погоден. Благодарност до мојата пријателка Цанка која ми го даде овој рецепт, кој со мали измени во преливот редовно го правам во мојата кујна.

Слатката павлака, шеќерот и млекото ги ставаме на тивко да почнат да вријат со постојано мешање. Го додаваме белото чоколадо да се растопи. Мешаме и го додаваме желатинот кој сме го раствориле со вода. Со постојано мешање ја изедначуваме густината на кремот.
Кремата ја ставаме во чаши или во силиконски калапчиња. Оставаме минимум 6 часа да се стегне.
Кафето со шеќерот треба убаво да провријат и пана котата ја преливаме кога ќе ја сервираме, а може и претходно.

Пана котата од калапчињата ја извадив во идеална форма, но дури наредниот ден. И после 6 часа беше стегната, ама ми остануваше по ѕидовите на силиконот. Кога е во чаша може да се сервира по најмалку шест часа. Мене со оваа доза ми излегоа 15 форми од силиконски калап со средна големина на форми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани