Омилен цртан филм на ќерка ми Теофанија е Фрозен. Инспирирана од љубовта во филмот и кон филмот, а да ја изненадам и Теа го направив овој сладолед. Се надевам ќе ви се допадне.

Подготовка
1. Шлагот со млекото ги миксираме до згуснување.
2. Во киселото млеко во кое сме ја ставиле павлаката го ставаме шеќерот и мешаме до растопување.
3. Ги соединуваме шлагот и смесата со киселото млеко и додаваме екстракт од ванила.
4. На крајот ги ставиме синиот шеќер и перлите и лесно промешуваме.

Ако саката боја со посилен интензитет од мојов сладолед ставете си дополнително сина прехрамбена боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани