Сладолед торта (Јубилеен 200-ти рецепт)
Почитувана екипа на Мои Рецепти, почитувани пријателки од оваа прекрасна страна и секако почитувани читатели на оваа страна. Овојпат за мојот 200-ти јубилеен рецепт се одлучив виртуелно да ве почастам со една Сладолед Торта, која е лесна и за правење и за јадење. Како член на оваа прекрасна страна сум од неодамна (поточно околу 10 месеци), меѓутоа од многу одамна сум присутна како верен читател на разноврсните прекрасни рецепти што се споделуваат тука секојдневно.
Подготовка -
1. Во 100 мл ладно млеко додадете желатин - мешате убаво, да се раствори и оставете го 10-ина минути да набабри. За тоа време ставете млеко (650мл) и шеќер да зовријат. Додадете го набабрениот желатин во зовриеното млеко. Измешајте убаво да се растопи. Оваа течност префрлете ја во друг сад (јас преку цедалка во случај желатинот да не е добро растопен - иако нема потреба за тоа) со цел побргу да олади.
2. Откако ќе биде изладена течноста со млеко и желатин, почнете со матење на слатката павлака во цврст шлаг. Тука додадете го изладеното млеко со желатин (пак преку цедалка) и матете кратко до хомогенизирање.
3. Добиената смеса поделете ја на 3 дела.
- во првиот дел, додадете мелени плазма бисквити.
- во вториот дел, додадете блендирани јагоди.
- во третиот дел, додадете чоколадни мрвици (може и рендано чоколадо).
4. Започнуваме со редење на тортата. Јас за таа цел користев округли калап број 26. Ставете го првиот дел со бисквити. Израмнете убаво и ставете го калапот во фрижидер за длабоко замрзнување 15-ина минути.
5. Сега ставете го вториот дел со јагоди. Израмнете убаво и пак ставете го калапот во фрижидер 15-ина минути.
6. На крај ставете го третиот дел со чоколадни мрвици. Покријте ја тортата со алуминиумска или стреч фолија и оставете ја во фрижидер за длабоко замрзнување.
7. Пред послужување оставете ја тортата на собна температура 5-10 минути, па сечете парчиња.
Совет - За полесно вадење на обрачот, можете со помош на фен да дувате 1-2 минутки кон обрачот, па да го тргнете.
За крај сакам да се заблагодарам за трудот на членовите од тимот Мои Рецепти кои ни го овозможуваат ова прекрасно дружење. Исто така голем поздрав и за сите готвачи на Мои рецепти и секако за верните читатели кои верувам дека не следат секојдневно со нетрпение за секој нов објавен рецепт!
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав од далекуто )))
Поздрав и до тебе :)
Поздрав и до тебе :)
Ubava, nezna torticka si podgotvila
Se nadevam deka vo idnina ke gledame uste recepti od tvojata kujna
Pozz
Поздрав и секое добро
Поздрав
Поздрав
Задоволството е мое :) кога сте и вие читателите задоволни.
Поздрав до тебе и секое добро ти посакувам.
Поздрав и до тебе.
Поздрав и за тебе од Велес.
Поздрав
Поздрав и секое добро.
Поздрав
Ти посакувам уште многу споделени рецепти и јубилејни цифри.
Поздрав и до тебе.
Тортата е волшебна, и вистинска најава за летната сезона!
Поздрав
Драга sim, честитки за 200-тиот јубилеј од ♥️
Многу ми е мило што си присутна на страницава, бидејќи твоето место е токму тука, твојот ентузијазам и квалитет веднаш е препознатлив.
Тортава е превкусна и таман за идните топли денови. Продолжи со твојот ритам и уживај :)
И мене ми е мило што сум овде, навистина се чувствувам преубаво и исполнето.....Како дома :)
Поздрав и до тебе и секое добро.
Секако дека продолжуваме со дружбата...искрен поздрав и до тебе.
Јас со малку закаснување ти го честитам твојот јубилеј, секоја чест, за толку кратко време ни презентира толку многу прекрасни рецепти :-)
Нека се множат и понатаму, преку прекрасна дружба! :-)
А, тортата одлична, баш по мој вкус, како би пробала ако има уште :-)
Топол поздрав :-)
Поздрав и до тебе и секое добро :)
Тортата совршена
Поздрав и до тебе
Оваа торта е вистински празник за очи, и не се сомневаме дека е исклучително вкусна. Навикнавме од тебе да гледаме мајстории со тесто- различни пити, погачи и кифлички и да се насладуваме, па ова ни дојде како вистинска цреша на шлагот наречен "твое творештво".
Ти благодариме на посветеноста и трудот кој го вложуваш во оваа страна, и што за брзо време стигна веќе до вториот јубилеј. Затоа, ти подаруваме Delimano Green Planet Ростер тава. Сигурни сме дека навистина ќе ја искористиш.
Ти посакуваме уште многу јубилеи кои ќе ги славиме сите заедно.
Тимот на Мои Рецепти
Се дружиме и понатаму на оваа прекрасна страна, искрен поздрав на сите вас од тимот од мене.