Почитувани Мои Рецепти и членки на странава, еве и јас стигнав до мојот втор јубилеј за релативно кратко време (13 месеци).
За мојот јубилеј се одлучив за овој рецепт бидејќи е доста популарен и не толку вообичаен.
Ви благодарам на сите членки на оваа прекрасна страна кои несебично споделувате не само рецепти туку и совети и идеи и секако на тимот на Мои Рецепти кои сето тоа знаат да го наградат.
Профитероли
Водата и маслото се ставаат во сад на оган да зовријат. Се тргаат на страна и се додава брашното и убаво се меша.
Кога ќе олади смесата се додаваат јајцата едно по едно со убаво матење со миксер.
Смесата се става во модла за тулумби и се формираат профитероли.
Се печат во згреана рерна на 200 степени околу 10 минути и додека да поруменат на 180 степени (уште околу 20 мин)рерната некако не се отвара.
Крем
Пудингот со млекото и шеќерот се вари според упатството на кесичката.
Кога е готов пудингот се додава путерот и се чека смесата да се олади.
Слатката павлака се мати и се соединува со пудингот.
50 гр фстаци во мулти практик или сецко се блендираат до паста. Се додаваат во кремот, плус се додаваат и мелените фстаци и една капка зелена боја за колачи.
Ладните профитероли се сечат на половина и двете страни се полнат со крем.
Се декорираат со чоколадото и се наросуваат со мелени фстаци.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови