Профитероли со крем од фстаци (јубилеен 200 рецепт)
Почитувани Мои Рецепти и членки на странава, еве и јас стигнав до мојот втор јубилеј за релативно кратко време (13 месеци).
За мојот јубилеј се одлучив за овој рецепт бидејќи е доста популарен и не толку вообичаен.
Ви благодарам на сите членки на оваа прекрасна страна кои несебично споделувате не само рецепти туку и совети и идеи и секако на тимот на Мои Рецепти кои сето тоа знаат да го наградат.
Профитероли
Водата и маслото се ставаат во сад на оган да зовријат. Се тргаат на страна и се додава брашното и убаво се меша.
Кога ќе олади смесата се додаваат јајцата едно по едно со убаво матење со миксер.
Смесата се става во модла за тулумби и се формираат профитероли.
Се печат во згреана рерна на 200 степени околу 10 минути и додека да поруменат на 180 степени (уште околу 20 мин)рерната некако не се отвара.
Крем
Пудингот со млекото и шеќерот се вари според упатството на кесичката.
Кога е готов пудингот се додава путерот и се чека смесата да се олади.
Слатката павлака се мати и се соединува со пудингот.
50 гр фстаци во мулти практик или сецко се блендираат до паста. Се додаваат во кремот, плус се додаваат и мелените фстаци и една капка зелена боја за колачи.
Ладните профитероли се сечат на половина и двете страни се полнат со крем.
Се декорираат со чоколадото и се наросуваат со мелени фстаци.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Cestitki, Ubav desert si podgotvila
Mn sakam fstaci
Neka ti Se mnozat jubileite
P. S. Ne kako ne go zabelezav receptot, denes ne odi postavuvanjeto po voobicaen cas i red
п.с. исто си помислив денеска некако не се оди по нам познатиот редослед,ама се надевам дека рецептов нема да помине незабележано)
Се дружиме понатаму ♥️
кај тебе и наједноставните рецепти делуваат дека се подготвени префинето, со доза на елеганција. Овој, пак, како јубилеен, е навистина извонредно презентиран, и како рецепт и како презентација, и како фотографија.
Се надеваме дека понатаму ќе продолжиш да се надградуваш, како што тоа го сторија нашите најдобри готвачи. И веруваме дека ќе биде така, бидејќи страста за готвењето кога еднаш ќе се разбуди, потоа тешко се гасне.
Ти благодариме за твоите 200 рецепти и ти подаруваме Делимано Џој ХХЛ Апарат за палачинки. Честитки!
Со верба за идни убави моменти,
Тимот на МоиРецепти
Прекрасен рецепт ни презентираше и да ти се множат уште многу, многу рецепти од твојата кујна!
Честитки и за наградата, со здравје да си го користиш апаратот :-)