Мини еклери - Профитероли
Профитероли
1. Во касерола се става водата и се додава путерот и солта.
2. Кога ќе зоврие водата и се растопи путерот се додава брашното и се меша брзо и енергично со дрвена лажица.
3. Кога брашното ќе ја прими целата течност се тргнува од оган и се продолжува со мешањето.
4. Потоа на добиеното тесто се додаваат јајцата едно по едно, а смесата се мати се додека не се соедини.
5. Од смесата, во тавичка со хартија за печење, се формираат еклерите со лажица или со шприц.
6. Профитеролите се печат во загреана претходно рерна на 200 степени за 20-25 минути.
7. Еклерите се оставаат да изладат за малку и им се прават дупчиња во долниот дел, за полнење со филот.
Важно- Вратата од рерната не смее да се отвара во првите 15 минути.
Фил
1. Во касерола се става 1/2 од млекото шеќерот и ванилата на оган.
2. Во сад настрана се разматуваат јајцата, се додава останатото млеко и нишестето.
3. Откако ќе се загрее млекото и се растопи шеќерот се тргнува од оган и со постојано мешање, се додава смесата со густинот и јајцата (се меша брзо и постојано)
4. Касеролата се враќа на оган и се меша постојано до добивање на крем сличен на пудинг.
5. Откако пудингот е готов се тргнува од оган и се додава путерот, се меша додека се соединат путерот и кремот.
6. Се остава да излади и потоа се става во шприц со кружен накрајник и профитеролите се полнат.
Глазура
1. Слатката павлака се става на оган да се загрее.
2. На загреаната павлака и се додаваат чоколадото и путерот и се меша додека се соединат и ја добијат посакуваната густина.
Профитеролите како со чоколаден прелив може да се сервираат и со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови