Профитероли со туна и јајце
Профитероли
1. Во тенџере на оган се ставаат водата путерот и солта и се остава водата да зоврие.
2. Тенџерето со врела вода се тргнува од оган и се додава брашното.
3. Со лажица се меша за да се добие тесто.
4. Тенџерето се става повторно на оган и се меша тестото постојано уште 1-2 минути.
5. Така подготвено тестото се остава да се олади.
6. Во оладеното тесто се додаваат јајцата едно се мати да се соедини па потоа се додава другото.
7. Профитерилите се печат на 200 степени за 25-30 минути.
Фил
1. Јајцата се притискаат со виљушка да се издробат и му се додаваат мајонезот и туната без маслото, се промешува се додаваат зачините по желба и се полнат профитеролите.
Од смесата се добиваат околу 15 профитероли не многу мали.
Дополнителни фотографии во коментар.