Капучино торта (јубилеен 200 рецепт)
За овој 200 јубилеј ,решив да ве почестам со оваа кремаста и сочна торта. Можеби и не е точно 200 рецепт (го изгубивме точниот број после бришењето на рецептите), ама важна е дружбата со сите вас овде. Рецептите и љубовта кон храната, што овде се споделува не полни со позитивна енергија секој од нас што сме присутни овде секојдневно. Еве го и рецептот ако решите да ја приготвите тортата за било која прилика.
1. За корите се матат 12 белки со 10 лажици шеќер во цврст снег. Се додаваат и двете жолчки и пак се мати. Кон ова се додаваат 200 грама мелени лешници и 1/2 пециво. Смесата се дели на 2 дела и се става во 2 округли тавички (број 26). Претходно тавите ги обложуваме со хартија за печење. Корите се печат на 180 степени 25 минути.
2. Додека се ладат корите го приготвуваме филот. Се матат 10 жолчки со 10 лажици шеќер во пенаста маса. Продолжуваме со матењето на пареа. Откако смесата ќе се згусне, се додава 200 грама чоколада за готвење и мешаме со лажица сеуште на пареа. Мешаме 50 грама капучино во прав со 3 лажици топла вода и ова постепено го додаваме во кремот.
3. Еден маргарин се мати со миксер во пенаста бела смеса. Откако ќе олади кремот, му се додава изматениот маргарин и се мати со миксер додека да се изедначи филот.
4. Две шлаг креми ги матиме со 220 милилитри млеко.
5 .Оладените кори ги попрскуваме со направено капучино од 150 милилтри вода и 100 гр капучино во прав.
6. Ставаме кора, ставаме половина од шлаг кремот, ставаме фил, пак кора, пак шлаг крем, повторно фил.
7. За украсување на тортата матиме 400 милитри слатка павлака-хопла. Со неа ја премачкуваме целата торта.
8. 100 милитри слатка павлака со 50 грама млечна чоколада ставаме во микробранова печка на кратко, ја вадиме и мешаме со лажица додека се добие чоколадна компактна крема. Со неа од страните ја прелеваме тортата. Оставаме во фрижидер да одстои неколку часа и потоа може да се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubava, kremasta torta si podgotvila
Uzivaj vo tvojot den
Poz i sekoe dobro ti posakuvam
Тортата прекрасна, плени,секое залче в'уста се топи! Бравос!
Топол поздрав и дружбата продолжува :-)
Честитки за јубилејот, и во иднина да си славиш уште многууу вакви јубилеи во кои освен ти...уживаме и ние, и останатите редовни читатели на оваа прекрасна страна.
Поздрав и секое добро :)
Тортата е навистина кремаста и прекрасна и навистина ми се допаѓа.
Cestitki, neka se mnozat.
се дружиме скоро 2 години, и навистина ни е драго што веќе го прославуваме твојот втор јубилеј. Навикнавме да гледаме разноврсност во твоите рецепти, меѓутоа секогаш преовладувале солените деликатеси. Искрено, се надевавме дека за твојот јубилеј ќе не почастиш со некој префинет десерт изработен од твоите вешти раце, како што е овој.
Ти благодариме за твоите 200 рецепти и ти го подаруваме најновиот Delimano JOY Апарат за палачинки!
Се надеваме дека ќе продолжиш да ни споделуваш одлични рецепти, уште долго, долго време.
Тимот на Мои Рецепти
Честитки Биљана,тортата изгледа прекрасно,посебно во делот на пресекот. Кремаста и вкусна.
Нека ти се множат рецептите,се дружиме и понатаму.
Ми се допаѓаат твоите рецепти, посебно дека и јас повеќе сум на соленото, не дека благо не сакам и не правам, туку така некако повеќе ми е мерак соленкото. А тортава пак кремаста и прекрасна.
Да ти се множат јубилеите и секое добро ♥️