Подготовка
1. Во сад се става млекото и шеќерот и се остава да зоврие. Се додава измешаниот пудинг и млеко од истото млеко земено 100мл и се вари. Се трга од ринглата и додека е жешко се додава маргаринот и се меша да се стопи. Се додава Алми крем.
2. Ги ставаме во вангла кршените бисквити и ресните сечени на 4 дела и крем бананките сечкани. Врз нив се истура пудингот топол и се меша со дрвена лажица.
3. Смесата се префрлува во долг длабок плех обложен со фолија и се остава да олади.
4. Оладена тортата се превртува и се става шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани