Квасецот се става да стаса во млаката вода со шеќер. Одкако ќе стаса се замесува тесто со брашното, солта, зејтинот, кимот, лененото семе и се остава да стаса.
Одкако ќе стаса се дели на два дела и се сукаат две правоаголни кори.
Двете кори се премачкуваат со полурастопен маргарин, се посипуваат со афионот и на едниот крај се редат исечените маслинки.
Двете кори се ролаат и се сечат на парчиња. Со ножици се засекуваат на 3-4 места и се редат во подмачкан плех да стасаат.
Стасани се премачкуваат со кашичка од брашно и водичка и се печат во загреана рерна на 200степени околу 20 минути.
Декоративни и вкусни, а сепак посни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела