Извртени пецива
Идејата за оформување на пецивата ја видов на интернет, многу ми се допадна и морав да ја испробам -).
Оформувањето бара малку трпение, ама после неколку направени пецива веќе оди полесно -).
Сите состојки за тестото ставете ги во еден длабок сад и со постепено додавање на млекото замесете средно меко тесто. Оставете го во садот да стаса додека волуменот се дуплира.
Откако ќе стаса, поделете го на 19-20 топчиња. Намастете ја малку работната површина. Земете едно топче и со оклагија развлечете овална форма. Со остар нож или со нож за пица, направете повеќе засеци на косо (види слика), но не сечете го тестото до крај туку само во средината, краевите да останат цели. Премачкајте со стопен путер и завиткајте ролничка од пошироката страна (види слика).
Оформете „полжавче“ , а крајот потпикнете го одоздола под оформеното пециво. Истото повторете го со сите топчиња тесто. Редете ги пецивата во плех на хартија за печење и оставете да стасаат.
За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200°. Откако пецивата ќе нараснат премачкајте ги со изматено јајце и наросете сусам врз нив. Се печат 15-18 минути во зависност од рерната.
Лиценца: Сите права се задржани
И јас така ги имам правено како Кате што вело, но ми се чини дека на овој начин и полесно за виткање и поефектно за финален изглед :)
Probajte i vaka, mislam deka moze da e za nijansa polesno vitkanjeto :)
Fala vi na site na komentarite! :)