Квасецот се става во млекото да стаса. Одкако ќе стаса се додава шеќерот, солта, зејтинот, лененото семе и се замесува тесто.
Тестотосе остава да се одмори-да стаса. Се премесува убаво и се додава шунката и сирењето. Се меси и се остава 30 минути да одмори.
Маргаринот се растопува. Од стасаното тесто се земаат топчиња и се макнуваат во стопениот маргарин, па се редат во неподмачкан плех. Се печат на 200степени околу 20 минути.
Овие солени топчиња се одлични за забави, родендени, а и како вкусен топол појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови