Подготовка
Во еден сад ставете ја млакото млеко, квасецот и шеќерот. Оставете 10-тина минути за да се активира, па додадете јогурт (на собна Т), масло, сол и брашно. Замесете го тестото кое не се остава да стасува, туку добро се изработува така што топката тесто се фрла на работната површина 50-60 пати.Потоа тестото поделете го на 10 топки. Секој дел развлечете го во елипсовидна кора со должина од 28 см, а ширина 10 см. Од едната страна се сечат ленти, но не до крај, се филува по вкус и се витка во ролат како гасеница. Се редат во плех но не залепени една до друга, затоа што при печењето ќе нараснат. Се остава да стасува половина час, па се пече во загреана рерна на 180 степени додека да добие златно-жолта боја.
Филот по ваша желба во мојот сличај неколку комбинации,зденка-маслинка,мартадела-кашкавал-кечап,сирење,виршла-сенф.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани