Начин на подготовка
1. Во сад со малку топла вода, неколку лажици брашно и лажичка шеќер, измешајте го квасецот. Покријте го со најлонска фолија и оставете да се активира и да нарасне.
2. Во друг подлабок сад ставете го брашното, солта, маслото, додајте го активираниот квасец и со млако млеко замесете средно меко тесто. Оставете го да нарасне 40-тина минути.
3. Во меѓувреме подгответе го филот. Во машина за мелење месо или во електричен сецко, сомелете го пилешкото месо ( претходно исечено на помали парчиња). Јас користев пилешко филе. Во тава на малку путер и масло пропржете ја ситно исецканата главица кромид. Додајте го пилешкото мелено месо и на умерен оган пржете го кратко со постојано мешање. Зачинете по вкус
4. Нараснатото тесто поделете го на 8 дела. Од секој дел формирајте топка. На работната маса земете едно топче тесто. Расукајте коричка со дијаметар од 20 мм. Преклопете ја кората на половина и краевите со некаде засечете ги. Во дополнителни фотографии ја имате постапката за посликовито објаснување. Така засечената кора повторно отворете ја. Намачкајте ја со малку павлака. Додајте од прженото пилешко месо со зачини, ставете врз месото рендан кашкавал/моцарела и врз него парчиња тенки ленти сланина. Странично исечените ленти преклопете ги. левата на десно , а десната на лево. Истата постапка поврорете ја и со останатите топчиња тесто. Оставете пецивата да нараснат 30 мин. 5. Пред печење намачкајте ги со разматено јајце и ставете врз секое од нив малку сусам и парченце путер. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15-18 мин.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови