Посни пецива со маслинки
Многу убави, миризливи посни пецива, погодни за посни слави и имендени.
Јас од оваа количина направив 12, а вие по потреба може да го поделите тестото од 18-20 топчиња.
Тогаш ќе бидат помали и позгодни за сервирање.
Најпрво во млаката вода со шеќерот и малку брашно се става квасецот да се активира.
Се додаваат останатите состојки и по желба оригано, буковец, црна сол, босилек....
Белото брашно ќе зависи од типот на брашно, но сметам дека од 300-350 гр ќе е доволно, бидејќи тестото треба да биде замесено намеко.
Се остава да кисни 20 минути.
Потоа се дели на 12 топчиња.
Во средината на секое топче се став по 1 маслинка.
Се ставаат во калап за мафини кој претходно е премачкан со маргарин.
Нека киснат 30 минути.
Се печат околу 30 минути на 180 степени.
Од кога се испечени по желба може со четка да се премачкаат со малку маслиново масло одозгора.
Лиценца: Сите права се задржани