Нугат нутела торта
Мојата 200тка тука, внимателно одбрана кремаста слатка опсесија. Корите се подготвуваат на вообичаен начин, белките се бијат се додаваат сите состојки, се меша со исклучен миксер и пластична лажица, се печи секоја над хартија во плех на 180. Се оставаат да се ладат. Калапот за торта е тркалезно тавче бр.28.
За филот 2
Се вари крем од биени жолчки со миксер, во него се ставаат некои 200мл. од количината млеко се додава прашокот за пудинг и густинот се мешаат уедначено, на оган остатокот од 500мл.млеко со шеќер пред да зоврие се става претходно подготвената смеса за крем и нека се варат до густина на пудинг на оган. Се лади кремот со повремено мешање, а настрана се бие путерот со миксер и се изедначува со ладен крем пудинг, па на сам крај се става мелената плазма.
За филот 3
Се бие шлагот со ладно млеко ...(ставив млеко според упатство) се додава нутелата и се меша.
Редењето на корите и филови е следно
Над кората со кокос се премачкува нутелата, над неа жолтиот фил, следува кората со мелени ореви над неа филот со шлаг. Вака тортата се оства до нареден ден во фрижидер кога се припрема ганаш.
Сите состојки за ганаш се топат на оган, но не смеат да провријат. Се добива една глатка смеса која се излева над површината на тортата, украсете по избор. Доколку се одлучите да ја подготвите некогаш се надевам ќе уживате неизмерно..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Neka se mnozat jubileiite i druzbata prodolzuva i ponatamu
Poz i sekoe dobro
A, tortava..... eh koga bi mozela da probam sega edno tanko parcene...mmmmm...milina! :-)
Тортата е прекрасна, комплетно сладење, од око до непце!!!
Ти честитам за долгоочекуваниот 200ти рецепт!
драго ни е што си повторно со нас, и тоа со убав јубилеен рецепт.
Твоите рецепти се многу често комбинација од едноставни состојки и креативност, па сметаме дека се прифатливи за сите.
Како благодарност ти подаруваме Делимано Апарат за Гиро, Печење месо и раженчиња.
Воедно, овој рецепт е Рецепт на денот за 31.10.2014 и учествува во изборот за Рецепт на Месецот Октомври. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
Честитки и за наградата и да се множат убавите рецепти :)
п.с ѕирнав и во моите рецепти, благодариме што го испроба и мило ми е што ви се допаднал рецептот :)