Нугат нутела торта
Состојки
- за кора 1
- 5 цели белки
- 10 лажици шеќер
- 150гр. кокос
- 2 лажици брашно
- 1/2 кесичка печиво
- за кора 2
- 5 цели белки
- 10 лажици шеќер
- 150гр. мелени ореви
- 2 лажици какао
- 2 лажици брашно
- 1/2 кесичка печиво
- 200гр. нутела
- за фил 2
- 10 цели жолчки
- 200гр. шеќер
- 3 лажици густин
- 1 кесичка пудинг ванила
- 700мл. млеко
- 250гр. путер
- 150гр. мелени плазма бисквити
- фил 3
- 400гр. прав за шлаг пена
- 3 лажици шеќер во прав
- 3 лажици нутела
- за ганаш..
- 200гр. чоколадо за готвење
- 150мл. слатка павлака
- 1лажица путер
Подготовка
Мојата 200тка тука, внимателно одбрана кремаста слатка опсесија. Корите се подготвуваат на вообичаен начин, белките се бијат се додаваат сите состојки, се меша со исклучен миксер и пластична лажица, се печи секоја над хартија во плех на 180. Се оставаат да се ладат. Калапот за торта е тркалезно тавче бр.28.
За филот 2
Се вари крем од биени жолчки со миксер, во него се ставаат некои 200мл. од количината млеко се додава прашокот за пудинг и густинот се мешаат уедначено, на оган остатокот од 500мл.млеко со шеќер пред да зоврие се става претходно подготвената смеса за крем и нека се варат до густина на пудинг на оган. Се лади кремот со повремено мешање, а настрана се бие путерот со миксер и се изедначува со ладен крем пудинг, па на сам крај се става мелената плазма.
За филот 3
Се бие шлагот со ладно млеко ...(ставив млеко според упатство) се додава нутелата и се меша.
Редењето на корите и филови е следно
Над кората со кокос се премачкува нутелата, над неа жолтиот фил, следува кората со мелени ореви над неа филот со шлаг. Вака тортата се оства до нареден ден во фрижидер кога се припрема ганаш.
Сите состојки за ганаш се топат на оган, но не смеат да провријат. Се добива една глатка смеса која се излева над површината на тортата, украсете по избор. Доколку се одлучите да ја подготвите некогаш се надевам ќе уживате неизмерно..