13
мар
2014
Нугат торта со рум и портокали
За тестото се матат јајцата со шеќерот, се додаваат останатите состојки и се истура смесата во голем правоаголен плех.
Се печи и се сечи по должина, за да се добијаат 2 парчина. Се прска со сок од портокал.
За филот на оган се варат млекото, шеќерот, густинот и пудингот.
Се трга од огнот и додека е млако се додаваат чоколадото, румот, чоколадото во прав.
Се мати маргаринот и тој се додава.сето заедно се соединува и се филуваат корите.
Се украсува со парче портокал.
Лиценца: Сите права се задржани