Испечати

Нугат торта со рум и портокали

Нугат торта со рум и портокали

Состојки

  • тесто
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 5 лажици чоколадо во прав
  • 70 мл чоколадно млеко
  • 2 лажички рум
  • 1 кора од портокал
  • 130 гр брашно
  • 1 лажица прав од пудинг со вкус на чоколадо
  • 50 гр мелен лешник
  • 1/2 лажиче пециво
  • за прскање на испечената кора
  • 1 сок од 1 портокал
  • фил
  • 500 мл млеко
  • 1 пудинг со вкус на чоколадо
  • 2 лажици густин
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажички рум
  • 150 гр црно чоколадо за готвење со вкус на портокал
  • 1 лажичка нес квик
  • 200 гр маргарин

Подготовка

За тестото се матат јајцата со шеќерот, се додаваат останатите состојки и се истура смесата во голем правоаголен плех.
Се печи и се сечи по должина, за да се добијаат 2 парчина. Се прска со сок од портокал.

За филот на оган се варат млекото, шеќерот, густинот и пудингот.
Се трга од огнот и додека е млако се додаваат чоколадото, румот, чоколадото во прав.
Се мати маргаринот и тој се додава.сето заедно се соединува и се филуваат корите.
Се украсува со парче портокал.