Москва шнит торта
Велат дека да бидеш во Белград - греота е да не пробаш Москва шнит торта која е се служела во слаткарницата на хотелот „Москва“. Tој рецепт се чува во строга тајност и за неа велат - Светско, а наше...
Љубопитност сама да го почувствувам тој сплет на вкусови од ананас, вишни, кој се надополнува со филот и корите од ореви - го направи своето. Изборот за мојот јубилеен 500ти рецепт падна токму на оваа торта. Во принцип се прави во правоаголна форма, се печат четири кори, се сечат шнити- затоа и го носи така името, но нели јас секогаш нешто ќе променам - одлучив да биде во округла форма составена од 3 кори. Напишав дека рецептот се држи во строга тајност... читајки за овој толку популарен рецепт сретнав некаде рецепт кој во спремањето на филовите ме потсети на Охридската торта... , но не беше доволно објаснет... овој рецепт е создаден од консументи кои откако го пробале одлучиле да го направат според вкусот кој го осетиле на непцето... ова е еден од тие прилагодени рецепти. Не се покајав, тортата е одлична, лесна за јадење...
Најпрво што ќке направите тоа е да оствите да се добро исцедат вишните, да го исецкате ананасот кој исто така ќе го ставите да се исцеди. Доколку вишните се од компот, тогаш можете и да ги преполовите.
Се печат три кори, а јас пишувам постапка само за една кора.
- Се матат белките со шеќерот во цврст снег, се додаваат оревите измешани претходно со брашното, со шпатула добро измешајте и добиената смеса ставете ја во модла бр.26 која сте ја послале со хартија за печење. Печете на 170 степени околу 40 мин.
Оставете корите да се изладат, а за тоа време почнете да го спремате филот.
Фил 1
- Издвојте малку од потребната количина на млеко и во него растворете го пудингот и густинот.
- Остатокот од млекото ставете на шпоретот и нека се загрева.
- Сматете ги жолчките со шеќерот, додадете во нив растворениот пудинг и густин.
- Млекото кое веке почнало да се вари тргнете го од ринглата и во него полека истурајте од добиената смеса со жолчките, постојано мешајте за да не ви се згрутчи и да не загорат жолчките. Вратете на ринглата и продолжете да на тивко го варите филот продолжувајки да го мешате. Кога веќе е сварен, тргнете од огнот продолжувајки да го мешате додека малку олади, покријте со стреч фолија за да не ви фати кора.
- Изработете го пенесто путерот, во него додадете го потполно оладениот фил од жолчки постојано матејки се додека не добиете убав кремаст фил и сите состојки се спојат.
Фил 2
- Со миксер сматете ја павлаката.
Оформување
- На тацната која сте ја избрале да стои тортата ставете ја првата кора, премачкајте со 1/3 од жолтиот фил, врз него сецканиот ананас кој малку ќе го притиснете за да се спои со филот, врз него ставете 1/3 од лешниците сецкани, премачкајте со 1/4 од павлаката. Ставете ја втората кора, повоторно премачкајте со жолт фил, врз него добро исцедените вишни, повторно сецкани лешници, повторно павлака и ја поставувате третата кора која исто ја премачкувате со последната 1/3 од жолтиот фил, ананас - лешник и врз него павлака. Тортата веке сте ја оформиле. Со останатата 1/4 од павлаката декорирајте ја тортата.
Декорирајте.
Забелешка
- Кога го варите филот велам да постојано мешате и откако ќе го тргнете садот од ринглата затоа што тој сеуште се вари и може лесно да ви загори.
- Имам овде рецепт како тоа јас го спремам компотот од вишни токму тие вишни се во филот. Потребно е да бидат добро исцедени од сокот, како вишните, така и ананасот. Конзервата ананас ми беше од 1/2 кгр.
- Не е потребно да ги навлажнувате корите. Павлаката се става токму за тоа да ги направи сочни.
- Оревите и лешниците треба да бидат потпечени за да навистина им се осети вкусот.
- Ако нешто заедничко со оригиналниот и прилагоденот рецепт има тоа е дека се посипува со потпечени на листови исечени лешници.
- Наместо лешници можете слободно да користите бадеми.
- Ако се одлучите за правоаголна форма, што ценам дека е навистина поцелисходно да се така спрема, тогаш изматете ги белките и испечете една кора во голема на плехот од рерната, исечете на 3-три дела и така оформете ја тортата. Тогаш ќе се пофалите дека навистина имате Шнит торта. Белградската Москва шнит торта е од 4-четири кори за кои е потребно да ставите 1 белка плус, 6 лажици мелени ореви, 1 лажица брашно, а филот е во иста количина. Се оформува исто како погоре опишаното со тоа што врз четвртата кора не ставате фил (значи останува исти распоредот на филот) дирекно се премачкува целата со преостанатата павлака и се декорира.
Многу напишав, а не е толку тешка да се спрема, текстуално изгледа онака гломазно...
Имав потешкотии околу спремањето јас, но од други причини затоа недостасуваат и повеќе слики од припремата.... Но и покрај тие пречки, јас сепак сум задоволна од тоа што ми кажа непцето...а окото што гледа... не дека не ми е битно,.. но секогаш се тешам со тоа што велам Окото заборава што видело кога Непцето ке почне да зборува... не шепоти, туку на цел глас зборува....
Бон Апетит драги мои!
Лиценца: Сите права се задржани
tortata mi e probana i ima ubav vkus
Ти посакувам здравје и успех во животот.Христос се роди!!!
Srekni praznici!!!
Sakam napisani recepti prvenstveno so tocni merki (a zgresam nekade i jas i propustam da napisam kolkava e taa casa) no se trudam, zatoa velam zgresam... sakam da receptot mi bide poblisku i pojasen, ima eden desert koj mnogu sakam da go spremam - mnogu retko spreman desert,m - no tokmu od tie pricini sto ne e dovolno objasnet ke si ostane taka - izgleda samo avtorkata ke si go pravi i ke uziva vo nego. Ne se malku 500-ni recepti, ne e malku vreme odvoeno za niv... no nekako letna vremeto, ne go ni osetiv.... Blagodaram - blagodaram!
И не знам дали ќе одам до Белград, ама до Виница ќе појдам, па можеби ќе има некое „шнитче„ за мене, ако не од оваа од друга вкусотија:) Поздрав Лиле!
најпрво да ти ги честитаме празниците и на тебе, а и на сите наши членки. Овие убави празници ги надополнивме, за нас најсвечено, со твојот 500. рецепт. Со нетрпение го очекувавме, и му се радувавме бидејќи ова е наш заеднички јубилеј, кога се подготвуваме за славење на 3-тиот роденден на моирецепти.мк.
Зборовите да се опише твоето мајсторство, љубов и енергија со која ги пренесе сите овие рецепти се премалку...Од срце ти честитаме и ти благодариме што ги сподели со нас!
Долго размислувавме со што може да се награди едно вакво дело, и со голем ентузијазам одлучивме дека твоите рецепти заслужуваат да се пренесат и понатаму, да се зачуваат, па заради тоа ќе бидат запишани во Книга готвач со 100 твои најдобри рецепти. Честитки!
Веруваме дека сите со нетрпение ќе ја очекуваат оваа книга и со задоволство ќе ја имаат во својот дом.
Со голема благодарност и почит,
тимот на МоиРецепти
Очигледно е дека ми ги разубавивте празниците,
Според мене една од важните работи во животот е способноста да се почувствува благодарноста за нештото кое е добро во животот и истиот ви го разубавува.
Ви благодарам што постоите и ми овозможивте да станам дел од ова големо и искрено семејство. Овде се доживуваат убави работи кои знаат да измамат насмевка на лицето, моменти кои потсетуваат дека животот е убав, коментарите од драгите членки кои радуваат секој ден, а со кои сите заедно сме коренот на сајтот.
Сакам да готвам, сакам да творам, секогаш имав чувтство дека е тоа далечно за мене. Не велам дека секогаш без страв и трема пишував. Чувствував голема одговорност према читателите и се трудев да пишувам чесно и во истиот момент достоинствено за самиот рецепт и секогаш поткрепен со фотографии се со цел да самиот рецепт биде уште поблиску до читателот.
Се радувам што конечно за битието зошто пишував кое ми се чинеше многу далечно – сега е веке реалност. Се радувам што мој текст ке биде втиснат во бели страници, уредно запакуван и ке остане за на век, се радувам што го добив тој МОЈ ЛИЧЕН ПЕЧАТ за кој само сонував. Повторно ке морам да признаам дека и покрај посветеноста и одговорноста кон читателите – тремата не ми поминува од самото сознание дека Книгата Готвач ке се нареди некаде таму до самите испишани рецепти од врвни кувари, студирани-простудирани рецепти...
Затоа велам дека Тимот на Мои Рецепти е единствен, се добро осмислено – го направи нашето второ семејство и веке така блиско според авторитетот и почитта што ја завреднува – поради кое нешто секојдневно се отвара да се прочита нешто веке ново, а и да се навратиме назад кон првичните напишани рецепти – да напрвиме избор за припремање на нештата било за свечена прилика било за нашето секојдневие.
Благодарност за сите убаво напишани коментари, благодарност за честитките!
tvoite recepti site ne ostavaat bez zborovi i isreno mislam deka site so netrpenie ke ja ocekuvame tvojata kniga i so zadovolstvo ke gi pripremame ovie sovrsenstva ... cestitki za jubilejot i srekni praznici