Кроасан торта
Еве го и мојот 100-ти рецепт. Нешто лесно, брзо, едноставно кое не се печи, а сепак вкусно.
Најпрво се вари еден литар млеко со 3 пудинга. Се лади. Настрана се мати со миксер 200 гр шеќер во прав и 250 гр маргарин се додека не се добие хомогена смеса. Постепено се додава оладениот пудинг во маргаринот. Филот се дели на два дела. Едниот останува бел, а во другиот се додава 100 гр стопена чоколада.
Потоа се редат бисквитите како на сликата, претходно натопени во млеко. Над нив се става црниот фил, па кроасанчињата натопени во млеко, па белиот фил и најгоре уште еден ред плазма бисквити натопени во млеко. Одозгора се става шлаг и се украсува со чоколадни јајциња, цвеќиња направени од фондан. Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани
не играме со лесни рецепти за јубилеи, не пробувај да шмугнеш. јас затоа не правам јубилеи, ќе се очекува од мене луксуз :) :) :) :)
A, ovaa torta mnogu si ja sakame...Odlicna e...
ти честитаме за твојот голем јубилеј, 100 рецепти споделени на моирецепти.мк
И оваа торта е уште еден пример за најголемиот број твои рецепти, кои се брзи и лесни, токму за луѓето кои немаат многу време да поминуваат во кујната - а сепак сакаат да направат домашни оброци.
Ти честитаме уште еднаш, а како благодарност добиваш Делимано Фантазија Сет 5 калапи за готвење!
Тимот на
Моирецепти
Cestitki za 100 recept i za Marija a vo iscekuvanje na 200 ke prodolzi nasata druzba vo novi recepti.So zdravje da si gi koristis kalapite:)