Кроасан торта
Состојки
- 200 гр шеќер во прав
- 1 литар млеко
- 3 пудинга од ванила
- 1 шлаг
- 250 гр маргарин
- 100 гр чоколада
- 300 гр плазма бисквити
- 1 големо пакување од мали кроасани (15)
Подготовка
Еве го и мојот 100-ти рецепт. Нешто лесно, брзо, едноставно кое не се печи, а сепак вкусно.
Најпрво се вари еден литар млеко со 3 пудинга. Се лади. Настрана се мати со миксер 200 гр шеќер во прав и 250 гр маргарин се додека не се добие хомогена смеса. Постепено се додава оладениот пудинг во маргаринот. Филот се дели на два дела. Едниот останува бел, а во другиот се додава 100 гр стопена чоколада.
Потоа се редат бисквитите како на сликата, претходно натопени во млеко. Над нив се става црниот фил, па кроасанчињата натопени во млеко, па белиот фил и најгоре уште еден ред плазма бисквити натопени во млеко. Одозгора се става шлаг и се украсува со чоколадни јајциња, цвеќиња направени од фондан. Наздравје!