Пандишпан
1. Се матат белките пенасто со пола од шеќерот
2. Во друг сад се матат жолчките со преостанатиот шеќер
3. Во изматените жолчки се додаваат брашното помешано со какаото и печивото. Се промешува да се соедини.
4. На крај се додаваат матените белки и се промешува со дрвена лажица да се соединат двете смеси.
5. Се пече во четвртаст плех со димензии 30х35 см

Фил од бисквити
1.Се мелат бисквитите, постепено се додава кашестиот сок и се меша со лажица да се соединат смесите

Фил од ванила
1.Млекото, шеќерот и пудингот се варат.
2.Се додава на крај ванилата и се остава пудингот да се излади
3.Путерот се мати со шеќерот во прав и се додава во изладениот пудинг
4. Филот се дели на два дела
5. Чоколадото се растопува и се додава во едниот дел од филот (па едниот дел е кафен, а едниот жолт)

Тортата се реди
1. Пандишпан
2. Фил со бисквити
3. Чоколаден фил
4. Кроасани
5. Жолт фил
6 .Еуро крем
7. Шлаг кремите за декорација

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани