Кроасан кифли
1. Квасецот го преливаме со 70 мл.млака вода,додаваме една лажица шеќер и една лажица брашно промешуваме и оставаме квасецот да стаса.
2. Во длабок сад го ставаме брашното,преостанатиот шеќер,прстофат сол, малку масло,2 те јајца, јогуртот и стасаниот квасец и со раце го месиме тестото,а потоа го префрламе на добро набрашнета работна маса и замесуваме фино и меко тесто.Тестото го оставаме да стои покриено 15 мин.на топло место.
3. Стасаното тесто го размесуваме и го делиме на 8 дела.
4. Омекнатиот маргарин го делиме на 7еднакви дела.
5. Работната маса добро ја премачкуваме со масло и од секое топче со сукало развлекуваме кора ја премачкуваме со маргаринот и ги редиме една врз друга само последната кора не ја мачкаме.
5. Од сите 8 мали кори развлекуваме една голема кора и ја сечеме на 12 или 16 триаголници (во зависност од тоа колку големи сакаме да ни бидат кифлите)
6. На секој триаголник ставаме од нутелата или од еурокремот и обликуваме кифли.
7. Кифлите ги редиме во намачкана тава со маргарин ги покриваме со крпа и ги оставаме на топло да стојат 1 ч.
8. Кога се спремни за печење кифлите се премачкуваат со разматена жолчка со малку масло и ги печеме во загреана рерна на 200 Ц. 30 мин.
Овие кифли можат да се прават и во солена варијанта со фил по желба.Кај мене овој пат во блага варијанта со нутела и шеќер во прав......Имам повеќе рецепти за кроасани ама оваа ми е најомилена, затоа што кифлите се мнооогу меки и фини,полни со крем и ги снемува за час)))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови