Кроасан торта
Состојки
- За пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1 пакетче прашак за печиво
- За фил од бисквити
- 500 гр бисквити (млечни)
- 200-300 гр кашест сок од праска
- За фил од ванила и кафен фил
- 1 л млеко
- 3 пакетчиња пудинг од ванила
- 6 лажици шеќер
- 4 пакетчиња ванилин шеќер
- 250 гр путер или маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 100 гр чоколадо (црно)
- Останато
- 400 гр мини кроасанчиња
- 200 гр еуро крем
- 4 пакетчиња шлаг креми
Подготовка
Пандишпан
1. Се матат белките пенасто со пола од шеќерот
2. Во друг сад се матат жолчките со преостанатиот шеќер
3. Во изматените жолчки се додаваат брашното помешано со какаото и печивото. Се промешува да се соедини.
4. На крај се додаваат матените белки и се промешува со дрвена лажица да се соединат двете смеси.
5. Се пече во четвртаст плех со димензии 30х35 см
Фил од бисквити
1.Се мелат бисквитите, постепено се додава кашестиот сок и се меша со лажица да се соединат смесите
Фил од ванила
1.Млекото, шеќерот и пудингот се варат.
2.Се додава на крај ванилата и се остава пудингот да се излади
3.Путерот се мати со шеќерот во прав и се додава во изладениот пудинг
4. Филот се дели на два дела
5. Чоколадото се растопува и се додава во едниот дел од филот (па едниот дел е кафен, а едниот жолт)
Тортата се реди
1. Пандишпан
2. Фил со бисквити
3. Чоколаден фил
4. Кроасани
5. Жолт фил
6 .Еуро крем
7. Шлаг кремите за декорација