Фокача со шери домати и рузмарин и намаз од лук
За фокачата, во еден подлабок сад ставете го брашното, 2 лажички сол, шеќерот, сувиот квасец и со постојано мешање со дрвена лажица додавајте ја водата. Убаво измешајте за да нема грутчиња. Затворете го садот со фолија и оставете 4-5 часа во фрижидер да надојде тестото.
На хартија за печење, во една подлабока тава, истурете го тестото. Притоа, најдобро е тестото што помалку да го мешате за да остане сунѓересто. Покријте со крпа и оставете го да мирува околу 40-50 минути на собна температура.
Шери доматите исечете ги на пола. Тестото попрскајте го со маслиново масло и одозгора ставете ги доматите. Наросете сув рузмарин и посолете и ставете да се пече на 200°С околу 20-тина минути или додека фокачата не добие златно-жолта боја.
Кога ќе е печена, извадете ја од тавата заедно со хартијата за печење и оставете 20-тина минути да се олади па потоа сечете.
Намаз (Дип)
Во еден сад ставете ја павлаката, мајонезот, сокот од свежо исцеден лимон, додадете го лукот ситно исецкан (најдобро низ преса за лук), ставете малку црвен пипер, посолете и побиберете и убаво измешајте.
Фокачата е од внатре многу мека и сунѓереста а од надвор крцкава. Јас најчесто ја спремам за вечера и овој намаз одлично одговара со неа. Може да се служи и како прилог на свежа салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
A ti dali imas probano taka da e kisnis?
Do sega ne sum probala na sobna tempratura da stasuva testoto. Ti probaj ako sakas, ama mislam deka nema da bide taka shuplivo. Cabatata na primer ja ostavam na sobna tempratura ama zatoa ide pomalku kvasec vo nea i stasuva 18 casa. So 2 pak.kvasec odma ke ti stasa i ne veruvam deka ke bide taka shuplivo testoto. Ama ti probaj, p kazi ni go tvoeto iskustvo :)
Fala uste ednas! :)
Kako sto napisav gore, vnatre e meka a odnadvor korkata e tenka i krckava.
Нема подготвуванo до сега, па пред да пробам да прашам дали сувиот квасец може да се замени со обичен и колку би требало да се стави? Не дека не можам со сув да ја подготвам, ама ете да си го имам и тоа забележано :)
2 paketcinja suv kvasec zamenuvaat 1 kocka svez. Znaci, vo slucajov potrebna e 1 kocka kvasec.
Преубав ни беше и намазот, едноставно комплетно ММММ :)))
Направив една грешка, но мислам дека не се познава многу. Наместо да ја ставам во плехот и да почекам собна температура, јас тоа го правев во ванглата во која замесив. Потоа, откако истурив, сакав убаво и да ја порамнам со рацете да биди секаде еднаква... можеби не смееше или? :)))
Mnogu ubava po vkus i mnogu lesna za pravenje. Preliv ne napraviv, ke ostani za druga prilika, ne se slozuvase so planiraniot rucek.
Fala ti za ubaviot recept :))
Slikata losa, ama takvi bea okolnostite... Ovoj pat bez domatcina, zaradi vkusot na drustvoto na maz mi... Da znaes deka site ja bendisaa mnogu :))) Ti blagodaram uste ednas zaa receptot :) E da, malku "poisuncana", pak zaradi licen vkus :)
Ставив свеж рузмарин и во тестото внатре и од надвор,ама бидејќи немав време да ја чекам толку многу да стасува во фрижидер,ја оставив околу час и пол надвор и ја испеков во најголемиот плех од шпоретот.Некаде 5 минути пред крај со печењето ја истрлав и со лукче,леле мирисаше како сон.Инаку ја исеков на 35 парчиња и прегеска ја однесов на слава.Со оглед на тоа што се изеде цела,дефинитивно им се допаднала :)) на гостите.
За дома ќе се прави друга тура
Ovojpat ja pravev so zeleni maslinki :)) I namesto ruzmarin, staviv edno lazice mesani italijanski zacini. :)