
30
сеп
2020
Фокача со грозје и рузмарин
Квасецот растопете го во 100мл млака вода и оставете го да се активира.
Измешајте го брашното со солта и шеќерот, додајте го квасецот, преостанатат вода, маслото и измесете тесто и оставете го на топло да одмори 1 час.
Одмореното тесто префрлете го во калапот каде што ќе ја печете фокачата, предходно намрсен со масло и со помош на рацете намрсени со масло истегнете го во калапот. Оставете го така околу 30 мин.
Потоа втиснете зрна грозје, наросете шеќер и рузмарин.
Печете на 200 степени додека не зарумени.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови