15
јул
2015
Фокача со сирење и рузмарин
Во половина од водата се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно, нека се активира квасецот.
Потоа постепено се додава остатокот на вода, масло, солта, рузмарин, брашното
Се замесува тесто, понамеко и е малку лепливо.
Се покрива со фолија и се остава да кисни 40 минути.
Потоа со намрсени раце, нежно се префрла во мала тава за печење, убаво се распоредува, се нанесува рузмарин и сирење.
Се остава да кисни уште 30 минути и се печи на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани