Торта со лешници и карамели
Најпрво, се започнува со подготовка на кремот. Од млекото се издвојува 200мл и заедно со карамелите се загрева на тивок оган додека се растопат. Од преостанатото млеко повторно се одделува 100 мл на страна, а остатокот се додава во растопените карамели и се засилува температурата на ринглата. Одделените 100 мл млеко се мешаат со жолчките, шеќерот и густинот, при што се внимава да не останат грутчиња. Оваа смеса се додава на загреаното (пред точка на вриење) карамелизирано млеко и се вари во густ/цврст крем. Сварениот крем се покрива со проѕирна фолија и се остава да се лади.
Рерната ја пуштаме на 180С да се загрева и се започнува со подготовката на паднишпанот.
Белките со прстофат сол се матат во цврст и сјаен снег. Брашното, какаото и пецивото се мешаат и внимателно, со кружно движење на дрвена лажица се вмешуваат во снегот од белки. На крај на ист начин се додаваат потпечените мелени лешници. Можи и 140 гр да се стават мелени и 20 гр ситно сецкани (во мојот случај е така).
Смесата можи да ја поделите на 2 дела и да ја испечите во 2 посебни кори. Обемот на тавата можи да варира од 22-26см, при што, доколку користите помала димензија, тогаш можи секоја кора да се подели на половина и да се добијат 4 многу тенки кори или пак, ако се користи поголема димензија да си останат само 2. Јас ја печев во голем плех од шпоретот и ја поделив на 3 дела. Пред да ја истурите смесата обложете пек хартија. Во зависност од димензијата на калапот, се печи околу 20 мин. (провизорно).
Печените кори, се вадат од хартијата и се оставаат да оладат.
Во не сосема оладениот крем се додава путерот и добро се миксира. Во посебен сад се мати слатката павлака, при што се внимава да не се претера со матењето, бидејќи филот можи да изгуби на квалитетот и убавиот вкус. Потоа и неа изматете ја заедно со филот.
Филот се дели на онолку дела колку што има кори и се филова тортата.
На крај, се спрема ганашот. Се кршат двете врсти чоколада во слатката павлака и се растопуваат на умерена температура на ринглата. Кога смесата ќе стани компактна, се трга од оган и се остава 5-10 мин. да подолади и придобие во густина, односно, да е изладена, но се уште течна. Потоа, со него прелијте ја тортата одозгора. Во овој случај еден совет- не ја истурајте цела смеса одеднаш, ами тоа направете го во 2-3 наврати за да не ви се прелива по страните од тортата и да се добие висина на овој слој (секако, ова не важи доколку тортата ја филовате во калап со обрач). Истурајте во средината, а потоа со шпатула распоредувајте по страните.
Готовата торта, оставете ја добро да се стегни пред сечење. Најдобро преку ноќ.
И за крај, уште еден совет. За сечење на убави парчиња користете долг и тенок нож, кој пред секој рез ќе го макате во млака вода (мислам дека и ладна не е проблем) па после сечење го бришите од хариена салвета и така се до крај на сечењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
pozzzz i ubav den
ние сакаме да мислиме дека вие не само што сте членки на оваа страница, туку дека сте и наши пријатели...пред се` заради тоа што секојдневно сте со нас, со заедничка дружба и разменување искуства, во и надвор од кујната.
Ти благодариме за оваа значајна бројка на рецепти кои ги сподели со нас. Се надеваме дека нашето дружење ќе продолжи и понатаму.
Како благодарност ти подаруваме ваучер за Делимано производи во вредност од 6000 денари. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
Сега уште поголеми мајстории од новата кујна да ни предлагаш! Сепак кога имаме такви средени катчиња секако со леснотија се инспирираме за нови рецепти:))) А ваков Мастершеф заслужува такво катче и тоа по свој вкус направено! Поздрав!
Ти благодарам Вале за убавите зборови и честитките. Голем поздрав девојко! :)
Честитки и за наградата, со здравје да се користи :)
Голем поздрав :)
A za jubilejot pa normalno sto moze da se kaze osven cestitki i da se mnozat ovie vaka vkusni recepti i sekako cestitki za nagradata ....sosema zasluzeno
п.с. не сакам вага за роденен, фала на прашање :) :) :) :)
Кујната конечно денес можам да кажам дека е наместена и се осмелувам да ја гибам. Ќе видиме откако ќе ја средам и употребам дали ќе ја малтретирам или пак ќе си ја чувам за нова и црногорската ќе ме фати :Р Фала ти, поздрав!
Prvo, cestitki za jubilejot! 400 spodeleni recepti e brojka dostojna za respekt! Sekoja cest! Beti, da se mnozat uste mnogu ubavi recepti, da se druzime uste dolgo vaka ubavo, da gi spodeluvame nasite iskustva.....
Cestitki za nagradata, za koj proizvod da se odlucis so zdravje da se koristi :-)
Cestitki za ubavata kujna, so zdravje da se koristi, i veruvam deka sega imas plus motivacija za novi recepti :-)
I na kraj, cestitki za RD :-)
Uhhh....se izmoriv... :-) :-) :-) :-)
Ти благодарам шарам-барам и за честитките и за довербата и за убавите зборови и ти посакувам се убаво! :*