Подготовка:

1. Во една касерола ги ставаме јајцето и шеќерот. Садот го ставаме над сад со пареа и матиме со миксер неколку минути.
2. Потоа додаваме карамели,чоколадо, путер и со постојано мешање, вариме над пареа уште 6-7 минути, се додека убаво не се изедначи смесата. Го тргаме садот од оган малку да подизлади.
3. Ги додаваме мелените бисквити и лешници и правиме форми по желба. Јас направив половина од смесата бомбици, а половина ја ставив во правоаголни силиконски модлички. Бомбиците ги валкав во растопено чоколадо со масло, а правоаголните мињони ги декорирав со растопено чоколадо.
Оставете убаво да се стегнат, па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани