Лебот ставете го во малку вода да омекне, кромидот ситно изрендајте го и лукчето ситно исецкајте го.
Во сад ставете го месото, додајте го јајцето, лебот истиснат од водата, кромидот, лукот и сите останати зачини. Смесата измесете ја да се изедначи.
Помала тава (мојата беше 26) намачкајте ја со малку путер и посипете ја со презла. Ставете го месото и рамномерно исплескајте го и со помош на лажица израмнете го.
Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени 30 мин.
Во меѓувреме излупете ги компирите, исечете ги на плочки и сварете ги да омекнат. Исцедете ги од водата, додајте го путерот, зачините по вкус и испасирајте ги да се добие пире.
Брокулата и карфиолот сварете ги во зовриена вода 3-4 мин малку да омекнат и исцедете ги.
Пирето ставете го во готварски шприц.
Јајцата и кашкавалот изматете ги со вилушка.
Откако месото ќе се запече извадете го од рерната и околу по ивицата на месото нанесете го пирето. На средината наизменично наредете ги брокулата и карфиолот и прелијте ги со преливот.
Вратете ги во рерна да се запечат околу 15-20 мин, додека се зацврсти јајцето.
Јадењето послужете го топло со лепче и салата по желба.

Совет
Оргиналниот рецепт беше без претходно печење на месото. Откако ќе се стави месото во тавата се додава зеленчукот како што објаснив и заедно се печат околу 30 мин,  но мене ми беше страв месото да остане не печено и затоа прво го печев.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани