21
мар
2012
Ролади од мелено месо
Сезамесува меленото месо, ренданиот кромид, јајцата, вегета, бибер, ситно сецкано лукче и се додава зејтинот и двопек за да се замеси убава еднолична смеса. Одкако ќе се замеси се остава 2-3 часа во фрижидер да се впијат зачините.
Месото се дели на 6-7 топки од кои се расплескуваат помали корички. На секоја коричка на почетокот се става парчиња од кашкавалот, морков или краставички и се ролува. Секое роладче убаво се премачкува со белка од јајце, па се валка низ презла и се пржи на потивко.
Вака подготвени ролади може да се печат и во рерна ама пржени се поцврсти и поубаво мирисаат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови