За подготовка на главно предјадење вкусни лазањи, потребно е најпрво во едно загреано тавче со масло да се исечка ситно 1 главица кромид. Одкако ке се пропржи се додава меленото месо. Се пржи па на крај се додава 500 мл. доматен сос и 1 лажица зачини, малку сол и малку оригано. На крај се додават ситно сечканите печурки и се пропржува уште неколку минути.
Потоа се подготвува бешамел сос.
Потребни состојки за бешамел сос се, 2 лажици маргарин се растопуват во длабоко тавче. Се додава 2 лажици брашно. Во таа смеса постепено се додава 1/2 мл. млеко и се брка се додека не се згусне смесата. На крај се додава малку сол.
Во тава по можност глинена или стаклен сад со поклопец се редат кори од лазањите колку да се покрие дното од садот, врз редот од лазањи се додава смесата од мелено месо и бешамел сосот. И се така до крај дури да се потрошат корите и филот. А на последната кора се ренда кашкавалот. Се пече во загреана рерна на 200°С, половина час, додека да добие златно румена боја

Лиценца: Сите права се задржани