Роловани Лазањи со мелено месо и спанаќ
Подготовка:
1. Листовите лазањи ги потопуваме во сад, во кој има додадено ладна вода. Јас никогаш не ги варам.
Ги готвам во бешамел сосот. Нека стојат така 1 час, па и подолго, за да може да се ролаат.
2. На загреано масло ги пржиме кромидот, морковот, па го додаваме меленото месо. Убаво пржиме да испари течноста. Додаваме доматен сос, зачини Нека крчка на тивко да испари целата течност.
3. Во друг сад ги ставаме маслото и и путерот. Додаваме брашно. Внимателно запржуваме. Додаваме млеко и јогурт. Со жица постојано мешаме, готвиме додека се згусни сосот. Малку нека подизлади и го додаваме искинатиот спанаќ. Лазањите ги процедуваме од водата.
4. Мал огноотпорен сад танко го намастуваме. Земаме лист лазања. Ставаме полно лажиче фил. Виткаме како сарма. Ги редиме во тавата. Врз нив го нанесуваме подготвениот бешамел со спанаќ. Протресуваме убаво да навлезе сегде. Најгоре редиме парчиња кашкавал. Печиме во загреана рерна на 180с, околу 30 минути. Ги сервираме жешки.
Лиценца: Сите права се задржани