
Солени гнезда
Во длабок сад го ставаме брашното, киселото млеко, маслото и пецивото и со миксер со додатоците за тесто убаво ја матиме целата смеса, а потоа со рака месиме додека не добиеме фино и мазно тесто кое не се лепи за раце. Со намастени раце кинеме од тестото и формираме топчиња.(16 еднакви топчиња) и ги редиме во намастен плех.
Ги соединуваме јајцето и сирењето. Правиме вдлабнатина на секое топче и внатре ставаме од филот по една мала лажичка. Ги посипуваме гнездата со сусам или ким и ги печеме во загреана рерна на 180 Ц.околу 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови