Се става млекото, шеќерот, маргаринот да проврие на оган, после се додава 100 гр. еурокрем и чоколадата за готвење.
Откако ќе се растопат се трга од оган и во сместата се додаваат мелените бисквити и мелените лешници. Откако се убаво ќе се измеша се остава да се излади, па после со навлажнети раце се прават топчиња со големина на орев, се увалкуваат во сецкани лешнаци, а потоа со палецот се прави вдлабнатина и во вдлабнатина со шприц за украсување се полнат гнездата со еурокрем.
Се оставаат на ладно место преку ноќ. Наредниот ден можат да се служат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови