5
јан
2013
Лешник гнезда
Се става млекото, шеќерот, маргаринот да проврие на оган, после се додава 100 гр. еурокрем и чоколадата за готвење.
Откако ќе се растопат се трга од оган и во сместата се додаваат мелените бисквити и мелените лешници. Откако се убаво ќе се измеша се остава да се излади, па после со навлажнети раце се прават топчиња со големина на орев, се увалкуваат во сецкани лешнаци, а потоа со палецот се прави вдлабнатина и во вдлабнатина со шприц за украсување се полнат гнездата со еурокрем.
Се оставаат на ладно место преку ноќ. Наредниот ден можат да се служат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се двоумевме кој од твоите 3 рецепти од овие 2 дена да го одбереме, и сепак се одлучивме за овој, иако е од 05.01. Мора да додадеме и дека сите фотографии на последните рецепти ти се одлични, а оваа фотографија е посебно добра. Честитки уште еднаш!