Сладолед од чашка
Подгответе го сладоледот спрема упатството на кесичката.
Измашајте помал дел од сладоледот со испасираните малини.
Чоколадото стопете го и оставете го да подизлади.
Во секоја пластична чашка редете ред сладолед, ред од мешавината со малини, тенок ред чоколадо. Кај редот со чоколадо, ставете и од сецканите лешници, односно правете редови спрема ваша желба.
Како идеја, можи да се отпочни така што најпрво во чашката ќе ставите од мелените лешници, па малку чоколадо и кога е готов на врвот ќе има убава декорација. Истото можи да го направите и за газерот, односно откако ја наполните чашката. Можи и низ ѕидовите на скоро целата чашка да разлеете тенок слој стопено чоколадо, па потоа да полните со сладоледната смеса.
Доколку немате прашок за сладолед, пробајте со изматена слатка павлака, чисто само со неа, или измешана со убаво, густо изматени јајца (соодносот така би бил на ½ литар слатка павлака-3 јајца)
Откако ќе ги наполните чашките во средината на секоја внимателно ставете ја шпатулата и оставете ги во замрзнувач додека убаво не се стегни сладоледот.
Потоа со нож засечете еден дел од чашката, распарајте до газер и извадете ја. Ќе добиете импровизација на сладолед на стапче. Уживајте и сладете во детско друштво :)
А кога сме кај децата, ним можите да им направите мини сладолед на стапче, полнејќи го сладоледот во помали пластични чашки (оние за ракија или кафе што се), но ќе треба да најдите и помали шпатули, секако ;)
Лиценца: Сите права се задржани
И јас се спремав нешто слично да направам, ама се испоразболевме па не беше времето за сладолед ;)
Една забелешка во врска со ставањето на чоколадото... Ако правите хоризонтални редови, како што е на едниот од прикажаните на слика, внимавајте колку чоколадо ќе истурата за еден ред. Јас претпоставив дека таков ќе е резултатот, ама брзав и ме мрзеше да мрзнам. Значи, после слоевите со сладолед, убаво е малку да го подзамрзните салдоледот пред да ставате ред од чоколада, бидејќи таа е потешка од кремот за сладолед и ќе добиете подебел слој кој ви се крие во внатрешноста па така здрвен е тврд и непрактичен за јадење. Или, ставајте прецизно со шприц со мини отвор, во помала количина. Ние и така го јадовме хехе не ни беше проблем ;)
Сакав и ова злутаново сликче да го акнам овде, оти ми беше најмалинесто иако се стопи до конечното сликање и не е такво како што беше цело и во живо, ама... ете, ќе го ставам де ;)