Сладолед од чашка
Состојки
- 3-4 меки пластични чаши за една употреба
- 1 пакетче прашок за сладолед (во овој случај од ванила)
- 1 грст малини или друго овошје
- 50 гр чоколадо (за готвење или млечно)
- 1 грст крупно мелени или ситно сечкани лешници
- 3-4 шпатули
Подготовка
Подгответе го сладоледот спрема упатството на кесичката.
Измашајте помал дел од сладоледот со испасираните малини.
Чоколадото стопете го и оставете го да подизлади.
Во секоја пластична чашка редете ред сладолед, ред од мешавината со малини, тенок ред чоколадо. Кај редот со чоколадо, ставете и од сецканите лешници, односно правете редови спрема ваша желба.
Како идеја, можи да се отпочни така што најпрво во чашката ќе ставите од мелените лешници, па малку чоколадо и кога е готов на врвот ќе има убава декорација. Истото можи да го направите и за газерот, односно откако ја наполните чашката. Можи и низ ѕидовите на скоро целата чашка да разлеете тенок слој стопено чоколадо, па потоа да полните со сладоледната смеса.
Доколку немате прашок за сладолед, пробајте со изматена слатка павлака, чисто само со неа, или измешана со убаво, густо изматени јајца (соодносот така би бил на ½ литар слатка павлака-3 јајца)
Откако ќе ги наполните чашките во средината на секоја внимателно ставете ја шпатулата и оставете ги во замрзнувач додека убаво не се стегни сладоледот.
Потоа со нож засечете еден дел од чашката, распарајте до газер и извадете ја. Ќе добиете импровизација на сладолед на стапче. Уживајте и сладете во детско друштво :)
А кога сме кај децата, ним можите да им направите мини сладолед на стапче, полнејќи го сладоледот во помали пластични чашки (оние за ракија или кафе што се), но ќе треба да најдите и помали шпатули, секако ;)