Подготовка:
Во еден сад растопете ги путерот и путерот од кикирики и малку пропржете ги бадемите и лешниците. Го тргаме садот на страна и додаваме мелена плазма. Во 8 чашки ставаме иста количина од оваа смеса. Во друг сад го вариме овошјето на тивок оган, и додаваме стевиа и густин, околу 5 минути. Желатинот кој претходно отстојал во ладна вода го додаваме на овошјето и густинот. Во сад матиме слатка павлака, стевиа, кисела павлака. Потоа во секоја чашка ставаме бел фил па црвен прелив. Декорацијата ја завршуваме со белиот фил, малку мелени бадеми и лешници и ливчиња нане.