Испечати

Десерт во чашка со црвено овошје

Десерт во чашка со црвено овошје

Состојки

  • Сув дел
  • 100 гр мешавина бадеми и лешници
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 8 парчиња плазма бисквити
  • Овошен дел
  • 550 гр малини, вишни, рибизли, боровници
  • 1 лажица густин
  • 1 пакетче желатин
  • 1-2 лажици стевиа
  • 1 лажичка желатин
  • Бел дел
  • 200 гр слатка павлака
  • 150 гр кисела павлака
  • 1-2 лажици стевиа

Подготовка

Подготовка:
Во еден сад растопете ги путерот и путерот од кикирики и малку пропржете ги бадемите и лешниците. Го тргаме садот на страна и додаваме мелена плазма. Во 8 чашки ставаме иста количина од оваа смеса. Во друг сад го вариме овошјето на тивок оган, и додаваме стевиа и густин, околу 5 минути. Желатинот кој претходно отстојал во ладна вода го додаваме на овошјето и густинот. Во сад матиме слатка павлака, стевиа, кисела павлака. Потоа во секоја чашка ставаме бел фил па црвен прелив. Декорацијата ја завршуваме со белиот фил, малку мелени бадеми и лешници и ливчиња нане.