Полски пироги
Прво подгответе го филот. На средно силен оган во мало тавче растопете го путерот и додајте го ситно сецканиот кромид да се пропржи додека не се застакли. Додајте ја ситно сецканата кисела зелка, па пржете, повремено мешајќи, додека не омекне и не зарумени. Посолете и побиберете и оставете да се олади.
За тестото во еден средно голем сад разматете ги јајцата со киселата павлака. Настрана помешајте го брашното со солта и прашокот за пециво, додајте во јајцата и замесете средно меко, нелепливо тесто. Поделете го на два дела, формирајте ги во топки и оставете го покриено да одмори десетина минути. На лесно набрашнета површина расучете ја секоја топка многу тенко, 1 - 2 мм во дебелина. Исечете 24 кругови. На секој во средината ставете од филот, попрскајте ги рабовите со вода, преклопете и притиснете ги рабовите да се залепат. Можете и во калапче за пирошки да ги правите.
Во поголемо тенџерче ставете да зоврие на силен оган посолена вода. Во водата што врие спуштајте ги пирогите да се варат, повремено превртувајќи ги. Готови се после неколку минути варење, кога ке станат меурести и ќе испливаат на површина. Со решеткаста лажица вадете ги во цедалка.
Во тавче на средно силен оган растопете го путерот, па пропржете ги пирогите да добијат малку боја.
Сервирајте ги топли со кисела павлака во која по желба можете да додадете малку сол, копар и лук во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
И мене ми се допаднаа пирогиве.
Receptot izgleda kriteriumite ne gi ispolni.....
Ti Beti ne zvakaj, za godinava pretpostavuvam kvotata ja ispolni, mozi i so varen kompir so zacini i magdonos da se napolnat :))))
според нашата компјутерска евиденција, твојот рецепт кај нас пристигнал на: 2014-02-07 09:19:52
Натпреварот траеше до 04.02.2014. Не можеме никако да најдеме барем една причина зошто не би сакале твојот рецепт да го вклучиме во натпреварот, кога сите твои рецепти со нетрпение ги очекуваме да ги објавиш :)
Ти посакуваме убав ден!
I Vam ubav den :)
Fala ti mnogu za doverbata :))))