Полски Божиќни колачи
Ова се едни вкусни колачиња со квасец, кои се познати во источно европските земји, а особено во Полска и се подготвуваат за Божиќ. Топло ви ги препорачувам, зошто се многу вкусни. За овие колачи искористив џем од малини и мармалад од портокали...
Подготовка
1. Квасецот и киселата павлака ги соединуваме и ги оставаме 10- тина минути додека се раствори квасецот.
2. Во друг сад ги разматуваме јајцата и кон нив го додаваме соединетиот квасец со павлаката.
3. Брашното, солта и шеќерот ги соединуваме.
4. Кон нив го додаваме путерот сечкан на листови. Мешаме до соединување, трошкасто тесто да ни се направи.
5. Кон оваа смеса ги додаваме соединетите јајца, месиме до компактно тесто, од кое формираме квадар.
6. Го виткаме во најлонска фолија и го оставаме да отстои 30 минути во фрижидер.
7. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200 степени. Тестото го расукуваме со дебелина 5 мм на набрашнета површина и сечеме квадрати со калап, алатка или нож.
8. Ги редиме на хартија за печење, на средината од секој ставаме лажичка мармалад или џем.
9. Едниот агол го преклопуваме врз мармаладот, а спротивниот агол од квадратот го премачкуваме со разматено јајце и потоа го лепиме врз преклопениот агол.
10 Ги печеме во загреаната рерна додека да ни пожолтат рабовите од колачињата.
11. За преливот растопуваме путер кој го соединуваме со слатката павлака, а потоа со шеќерот во прав.
Веќе изладените колачи ги прелеваме со овој шеќерен прелив.
Лиценца: Сите права се задржани