Испечати

Полски пироги

Полски пироги

Состојки

  • За тесто
  • 2 мали јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажица (7 гр) прашок за пециво
  • 200 гр сенаменско брашно
  • 115 гр кисела павлака со 20% м.м.
  • За фил
  • 2 лажици путер
  • 1/2 главица кромид
  • 200 гр кисела зелка
  • по вкус сол и бибер
  • За запржување
  • малку путер

Подготовка

Прво подгответе го филот. На средно силен оган во мало тавче растопете го путерот и додајте го ситно сецканиот кромид да се пропржи додека не се застакли. Додајте ја ситно сецканата кисела зелка, па пржете, повремено мешајќи, додека не омекне и не зарумени. Посолете и побиберете и оставете да се олади.

За тестото во еден средно голем сад разматете ги јајцата со киселата павлака. Настрана помешајте го брашното со солта и прашокот за пециво, додајте во јајцата и замесете средно меко, нелепливо тесто. Поделете го на два дела, формирајте ги во топки и оставете го покриено да одмори десетина минути. На лесно набрашнета површина расучете ја секоја топка многу тенко, 1 - 2 мм во дебелина. Исечете 24 кругови. На секој во средината ставете од филот, попрскајте ги рабовите со вода, преклопете и притиснете ги рабовите да се залепат. Можете и во калапче за пирошки да ги правите.

Во поголемо тенџерче ставете да зоврие на силен оган посолена вода. Во водата што врие спуштајте ги пирогите да се варат, повремено превртувајќи ги. Готови се после неколку минути варење, кога ке станат меурести и ќе испливаат на површина. Со решеткаста лажица вадете ги во цедалка.

Во тавче на средно силен оган растопете го путерот, па пропржете ги пирогите да добијат малку боја.

Сервирајте ги топли со кисела павлака во која по желба можете да додадете малку сол, копар и лук во прав.